Претседател на СНСД и член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, покажа преписка од вчерашниот разговор со заменик -помошникот државен секретар за Западен Балкан, Габриел Ескобар,
„Морам да ви кажам дека се предвидени нови санкции против Балканот не само за оние кои политички го попречуваат напредокот, туку и за оние кои имаат корист од тоа попречувае“, му порачал американскиот државен под сeкеретар на Додик
Додик изјави дека не може јавно да каже што одговорил затоа што не сака „тој збор да го користи јавно“, па затоа покажа што е напишано на транскриптот.
На транскриптот реченицата почнува со вулгарност и продолжува:
„ Не ми е грижа за санкциите. Сум го поминал тоа порано. Ако сакаш да разговараш со мене, не ми се заканувај “, пишува во транскриптот кој го покажа Додик.
Šta je Dodik rekao Eskobaru, stenogram pokazuje Dodik: @N1infoSA pic.twitter.com/fka5Ar679a
— Snezana Mitrovic (@Snejkicaa) October 1, 2021
Додик рече дека тоа секогаш ќе биде негов одговор во лични разговори со сите што мислат дека можат да се заканат со санкции.
„Одговорив многу прецизно и јасно“, рече Додик алудирајќи на вулгарноста со која ја започнал реченицата како одговор на заканите за санкции