
И покрај интензивните врнежи, водостоите на речиси сите реки во земјава се далеку под октомврискиот просек.
Според денешните хидролошки мерења, некои од реките се дури трикратно намалени, а над просекот се само Бабуна кај Богомила и Струмица кај Сушево.
Водостојот на Преспанското Езеро е 17 сантиметри под апсолутниот минимум, додека водостојот на Охридското Езеро е четири сантимтери над дозволениот минимум.