
СДСМ ја демантира веста објавена на нашиот портал под наслов „Сања Лукаревска со службено возило на УЈП на партиски настан“ објавен на 02.10.2021.
-На фотографијата која е објавена во веста јасно се гледа автомобил на СДСМ. И Сања Лукаревска и сите функционери на СДСМ своите партиски агенди ги вршат исклучиво со возила на партијата, сопствени или позајмени и со сопствени возила, без да го злоупотребуваат возилата од институциите во кои работат, велат од СДСМ.