
Во последниот натпревар од саботната програма на германското фудбалско првенство РБ Лајпциг го совлада Бохум со 3:0, а сите три гола домашните ги постигнаа во последните дваесетина минути.
Германскиот вицепрвак во финишот на мечот успеа да го скрши отпорот на претпоследниот тим во Бундеслигата. Бохум добро се држеше до 70 минута кога Андре Силва погоди за водство на РБ Лајпциг, три минути подоцна Кростофер Нкуку го удвои водството а истиот играч во 79 минута ги разреши сите дилеми околу победникот/.
РБ Лајпциг моментално со 10 бодови е на седмото место, загрозен од Мајнц кој во недела го пречекува Унион Берлин. Бохум останува претпоследен 17-ти со четири бодови.
Во претходно одиграниот меч во Дортмунд Борусија го совлада Аугсбург со 2:1. „Милионерите“ до петтата победа сезонава стаса со головите на Рафаел Гверерот во 10 минута од пенал, и на Јулиан Брант во 51 минута. За гостите погоди Анди Зекири во 35 минута.
Борусија Дормунд е второпласирана со 15 бодови, бод зад водечкиот Баерн Минхен кој има и меч помалку кој го игра на домашен терен со Ајнтрахт Леверкузен. Борусија е загрозена од Баерн Леверкузен кој има 13 бодови, кој гостува в недела кај Арминија која пак со меч помалку и четири бодови го загрозува Аугсбург на 15-то место со пет бодови.
Успешна беше и Борусија Манхенгладбах која на гостувањето го порази Волсфрбург со 3:1. Гостите водеа со 2:0 по само седум минути игра, со головите на Брел Емболо во 5 и Јонас Хофман во 7. До полувремеот Волфсбург намали на 1:2 со голот на Лука Валдшмит во 24 минута, но надежите на домашните за поволен резултат се чини пропаднаа во 76 минута кога Максенс Лакроа направи пенал и беше исклучен. Ларс Стиндл не ја реализираше најстрогата казна, односно неговиот лош удар го одбрани голманот Коен Кастелс, но сепак во петтата минута од судиското продолжение Џо Скали ја потврди победата на гостите.
Волсфбург со поразот пропушти да се искачи барем до второто место на табелата, остана петти со 13 бодови. Борусија Менхенгладбах, пак, барем до завршување на ова коло со 10 бодови е на деветтото место.
Штутгарт со идентични 3:1 но на домашен терен го победи Хофенхајм. За домашните стрелци беа Марк Кампф во 19, Константиност Мавропаност во 60 и Роберто Масимо во 81 минута, додека прозот на гостите го ублажи Јакон Ларсен во 84 минута.
Штутгар со осум бодови се израмни со Хофенхајм и го делат 10-то односно 11-то место на табелата.
Фрајбург во првиот саботен натпревар ја продолжи серијата одлични резултати и во Берлин ја совлада Херта со 2:1. Филип Лиенгарт во 17 и Нилс Петерсен во 78 минута стрелаа за гостите, а домашните израмнија во 70 минута преку Кжиштов Пјатек.
Фрајбург со 15 бодови сега е трет на табелата, а Херта има шест бодови со кои моментално е на 13-то место.