
Kоалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците во Центарот за култура во Кичево во саботата вечерта ја претстави советничката листа со која ќе учествуваат на претстојните локални избори што ќе се одржат на 17-ти октомври.
Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во обраќањето до присутните главен акцент стави на миграцијата на младите и нивното забрзано иселување од градот и земјава.
Кандидатот за градоначалник, пакм Назим Таипи кажа дека веќе 16 години лошото владеење во оваа општина го отежнува развојот на општината, поради што како што истакна тој време е за промени