ФОТО| Осум загинати во пад на мал авион врз празна зграда во Милано

ANSA/DANIEL DAL ZENNARO

Мал приватен авион се урнал врз празна зграда во предградие на италијанската метропола Милано во неделата, при што загинале сите осум лица во него, соопшти полицијата.

Според информацијата на телевизскиот канал RaiNews24, авионот се урнал во гратчето Сан-Донато-Миланеза врз зграда која биле во фаза на реновирање и во моментов никој не живеел воа неа. Во несреќата изгореле и неколку возила кои биле паркирано во близина на објектот.

Првичните инфомации говорат дека авионот полетал од Милано и летал кон Сардинија, а според првичната пријава во него имало пилот и пет патнции чии идентитети сѐ уште не се објавени. Агенцијата ANSA објави дека загнале пилотот, копилотот, петмина возрасни патници и едно дете.

Несреќата се случила врз двокатница пред приградската станица на подземната железница.