
Тиктокерот 19-годишниот Габриел Салзар, кого го следеа повеќе од два милиона корисници на социјалните мрежи, загина минатата седмица во сообраќајна несреќа во којашто смртно настрадаа уште три лица по полициска потера, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Завала во сојузната американска држава Тексас.
Полицаец во сообраќајна патрола од Кристал Сити пријавила „попречување на сообраќајот“ и тргнал во потера по бело „камаро“, се наведува во соопштението. Заменик на шерифот и полицаец безуспешно се обидувале да го запрат автомобило во бегтво со уред за дупчење гуми.
Автомобилот скршнал од патот, се забил во неколку стебла, се превртел и запалил. Фотографиите кои ги објаваи канцеларијата на шерифот покажува остатоци од автомобил зафатени од пламен.
Салазар своето последно видео на популарната платформа го објавил на 23-ти септември и прегледано е до неделата повеќе од 12 милиони пати.
На фотографијата објавена на Instagram непосредно пред стравичната несреќа, позирал со автомобилот во кој настрадл.ж
Другите жртви во несреќата полицијата ги идентификува како ХозеЛуси Хименез-Мора на 41, Хозе Молина-Лара на 23 и Серџо Еспиноза-Флорес на 36 години.
View this post on Instagram