Наполи и натаму стопроцентен, Милан го доби дербито во Бергамо

Gewiss Stadium in Bergamo, Italy, 3 October 2021. ANSA/PAOLO MAGNI

Наполи, за кого македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз го одигра речеиси целиот втор дел, славеше со 2:1 на тешкото гостување кај Фиорентина во рамките на седмити коло на италијанското фудбалско првенство, сочувајќи ја стопроцентната успешност во сезоната и првото место во Серија А.

Фиорентина дојде прва до предност, кога на асистенција на српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ мрежата ја погоди Аргентинецот Лика Мартинез Кварта во 28 минута. Гостите израмнија точни десет минути подоцна, кога домашниот голман Полјакот Драговски му го одбрани пеналот на Лоренцо Инсиње а прв до топката дојде Мексиканецот Хирвинг Лозано кој ја испрати во мрежата. Погоокот за пресврт и победа на Наполи во 50 минута го постигна бекот Амир Рахмани по нафрлувањето на Пјотр Зјелински.

Наполи со максималните 21 бод е на врвот на табелата пред бранителот на тутулата Интер кој има 17 бодови, а трет е Милан со 16 бодови и меч помалку. Фиорентина падна на петтата позиција со 12 бодови.

Во последниот дуел од колото Милан по убедливото водство од 3:0 во дуелот на гости кај Аталанта во самиот финиш си поигра со своите навивачи и прими два погодока.

Милан по само 28 секунди игра дојде до водство, а за најбрзиот гол оваа сезона во Серија А, и еден од најбрзите во историјата на лигата беше Давиде Калабрија. Добрата играна „Росонерите“ резултираше со удвојување на водството преку Сандро Тонало во 43 минута, а во периодот кога Аталанта силно се обидуваше да го намали заостанувањето, во 79 минута Рафаел Леао погоди за 3:0. До крајот домашните успеја да го ублажат поразот преку Дуиван Запата во 86 минута од пенал, а во третата минута од судуското продолжение му асистираше на Марио Пашалиќ за конечните 2:3.

Милан повторни се врати на втората позиција со 19 бодови, два помалку од Наполи, а Аталанта е во групата тимови со по 11 бодови и е осма.

Рома со погодоците на крајот од првото и почетокот од второт полувреме немаше особени проблеми на својот „Олимпико“ против Емполи. Хенрик Мктаријан беше најдобар во редовите на „Волчицата“. Во 42 минута Еременецот му асистираше Лоренцо Пелегрини за водството, а во 48 минута и самиот беше стрелец за конечните 2:0.

Рома сега се искачи на четвртото место со 15 бодови, а Емполи остана 10-ти со девет бодови.

Болоња со 3:0 го изненади Лацио на својот терен. Стрелци беа Муса Баров во 14, Артур Теате во 17 и Арон Хикеј во 68 минута. Лацио пропушти можност да се пробие до позициите кои водат во европските купови, остана на 11 бодови и е штести, колку што има сега и Болоња на деветтото место.

Хелас Верона беше убедлива со 4:0 против слабата Специја. Стрелци за победникот беа Џовани Симеоне во 4, Давиде Фараоне во 15, Џанлука Капрари во 42 и Даниел Беса во 71 минута. Верона сега е 12-та со осум бодови, а Специја и натаму е претпоследна 19-та со само четири бодови.

Возбудлив натпревар со пресврти кој заврши на крајот без победник со резултат 3:3 одиграа Сампдорија и Удинезе. Гостите поведоа во 15 минута со голот на Роберто Перејра а домашните до првото израмнување дојдоа со несреќниот автогол на Јенс Стригер Ларсен во 24 минута. Удинезе второто водство го оствари во 43 минута преку Бето, но Сампдорија на почетикот од вториот дел повтроно изрмани во 48 минута преку пеналот кој го реализираше Фабио Кваљарела. Домашните првпат дојдоа во водство во 69 минута а стрелец беше Антонио Кандрева, но гостете спасија бод кога во 82 минута погоди Фернандо Форестиери.

Удинесе остана 13-ти сега со осум бодови, а Сампдорија има шест бодови и е на 15-то место.