Во скопско пронајден амфетамин, уапсено едно лице

Во саботата попладнето приведен во операција на поддрачје на Гази Баба од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода 24 годишниот Д.Т. од селото Марино, скопско.

Тој бил сомничен за извршување кривични дела „тешка кражба“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ . Но при претрес во неговиот дом бил пронајден амфетамин и табакера со остатоци од прашкаста материја.

По целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.