Арсовска води со 4,8 отсто пред Шилегов, ВМРО-ДПМНЕ води во Бутел, Штип и Велес, а СДСМ во Струмица

Данела Арсовска води со 4,8 отсто пред Петре Шилегов, покажуваат резултатите од втората анкета на Институтот АКСИОС.

Според анкетата него, 18,3 отсто од испитаниците се изјасниле дека на локалните избори за градоначалник на Скопје  ќе гласаат за Данела Арсовска, незавиен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коализијата. За Петре Шилегов ќе гласале  13,5 отсто. Трет е кандидатот на Левица Петар Георгиевски за кого ќе гласаат 5,7 отсто од испитаниците. За Бени Шаќири од ДПМ и ЛДП би гласале 5 отсто а за Ана Петровски 4,2 отсто.

Другите кандидати заедно и добиле 9,4 отсто од поддршката на граѓаните. Интересен е податокот дека 20,4 од граѓаните се изјасниле дека нема да гласаат а 23,5 отсто немаат одговор.

Анкетата за Скопје, според АКСИОС, е спроведена на репрезентативен примерок од 795 испитаници во периодот од 24 до 29 септември со маргина на грешка од 2 отсто.

На стратифициран приемрок на територијата на Град Скопје на 795 испитаници
1. За кој кандидат за градоначалник ќе гласате на наредните локални избори во Град Скопје?
Петре Шилегов – СДСМ13.5 проценти
Данела Арсовска – независен кандидат18.3 проценти
Перо Георгиевски- Левица5.7 проценти
Арбен Шаќири – ДОМ и ЛДП5 проценти
Ана Петровска- независен кандидат4.2 проценти
Друг9.4 проценти
Ниту еден20.4 проценти
Не знам – немам одговор23.5 проценти

Резултатите од анкетата покажуваат водство на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и во Бутел, Штип и Велес. Во Струмица предноста ја има кандидатот на СДСМ.

На стратифициран приемрок на територијата на Општина Бутел на 422 испитаници
2.       За кој кандидат за градоначалник ќе гласате на наредните локални избори во општина Бутел?
Велимир Смилевски- СДСМ24.7 проценти
Дарко Костовски- ВМРО-ДПМНЕ28.2 проценти
Ниту еден22.5 проценти
Не знам- немам одговор24.6 проценти

 

На стратифициран приемрок на територијата на Општина Штип на 514 испитаници
3. За кој кандидат за градоначалник ќе гласате на наредните локални избори во општина Штип?
Сашко Николов- СДСМ21.6 проценти
Иван Јорданов- ВМРО-ДПМНЕ24.7 проценти
Друг5.3 проценти
Ниту еден21.9  проценти
Не знам- немам одговор26.5 проценти

 

На стратифициран приемрок на територијата на Општина Струмица на 498 испитаници
4. За кој кандидат за градоначалник ќе гласате на наредните локални избори во Општина Струмица?
Костадин Костадинов- СДСМ25.1 проценти
Жан Дрвошанов- ВМРО-ДПМНЕ22.4 проценти
Друг1.4 проценти
Ниту еден23.9  проценти
Не знам- немам одговор27.2 проценти

 

На стратифициран приемрок на територијата на Општина Велес на 526 испитаници
5. За кој кандидат за градоначалник ќе гласате на наредните локални избори во општина Велес?
Ненад Коциќ- СДСМ21.2 проценти
Марко Колев- ВМРО-ДПМНЕ26.1 проценти
Друг4.4 проценти
Ниту еден22.8  проценти
Не знам- немам одговор25.5 проценти