Коњановски од посетата на болницата „Плодност“: Ќе ги ослободиме од комуналии сите инвеститори кои ќе отворат приватна болница која ќе има над 50 вработувања

Во време на здравствена криза повеќе од јасно ни е на сите дека здравствените установи и медицинските лица се столбот на заедницата. Тие се гаранција на нашето здравје а со тоа и на нашиот живот. Денес ја посетив приватната болница ПЛОДНОСТ која е сериозен регионален здравствен капацитет, и по стручност и по инвестиции во здравството. За жал не секој ја препознава волјата на приватниот сектор за развој и овозможување на нови вработувања. СДСМ не само што не ја препознаа инвестицијата на ПЛОДНОСТ како исклучително важна за здравјето на луѓето во Битола па и пошироко, сериозно се потрудија истата да ја блокираат, изјави денеска за медиумите, Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Битола.

Им посочи на битолчани дека во неговата програма многу прецизно стои: Општина Битола ќе прерасне во „здравствен центар“ во регионот и пошироко.

„Општина Битола има ингеренции, и ветувам дека ова ќе го направиме: ќе дадеме ослободување од комуналии на сите нови инвестиции во здравствени капацитети за периодот од четоро години кои се во вредност од над 500.000 евра и кои ќе вработуваат над 50 лица со стручно медицинско образование. Гарантираме дека наместо Општина која ќе ги кочи и која ќе ги прави невозможни инвестициите во приватното здравство, Општина на која и треба години за да издаде решение за градба, ќе раководам со брза и ефикасна локална самоуправа која секогаш ќе биде на страна на развојот и новите вработувања“, рече Коњановски.

Доаде дека ќе работат со лекарите, со неговите колеги, со медицинските лица, со инвестициите за Битола, заедно! Бидејќи за Битола треба да се работи, а не од неа да се заработи!