
Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кисела Вода на својата официјална Фејсбук страница објави дека е потпишан меморандум за соработка со „Горанско друштво“.
– Просперитетот и иднината на соживотот во Кисела Вода е втемелен во заедничкото делување. Јас како градоначалник ќе ги негувам вредностите на соживотот и унапредувањето на овие односи, исто како што го правев тоа до сега. Горанците се чесни, вредни и еснаф луѓе и им заблагодарувам за нивната поддршка. Ќе градиме здраво општество, напиша тој.