
Операторот „Nord Stream 2 AG“ во понеделникот започна со полнењето со природен гас на првата низа од гасоводот Северен тек 2, чијашто изградба бепе заврпена во септемрви по добивањето дозвола од Данска, соопшти компанијата.
„Линијата постепено ќе се полни со гас за да се постигне обемот и притисокот, неопходни за натамошните технички испитувањата“, се вели во соопштението за медиумите.
Операторот со гасоводот, исто така, објави дека се изедени и неопходните работи за пуштање во работа на линијата за контрола на интегритетот на гасоводот, вклучителна и внатрешен преглед со користење на специјални дијагностички уреди, како и надворешни визуелни и инструментални проверки.
Истовремено од компанијата додаваат дека работата и на втората линија од гасоводот. Се истакнува дека гасоводот „минал независна сертификација во согласност со важечките технички и индустриски стандарди за да е обезбеди негово сигурно и безбедно функционирање“.
Претходно во понеделникот данската енергетска агенција објави дека „ Nord Stream 2 AG“ ги исполнила сите услови за ставање во функција на гасоводот. Агенцијата издаде дозвола за градба на Северен тек 2 на 30-ти октомври 2019 година и дозвла за експлоатација на 1-ви октомври 2020 година. Данската агенција наведе дека „ Nord Stream 2 AG“ ги исполнла сите услови поврзани со фазата за изградба а сега и сите услови за работа на гасоводот Б. Во објавата се нагласува и дека „остануваат да се исполнат некои услови пред да може да биде ставен во функција гасовдот Б“.
Иако од „ Nord Stream 2 AG“ не го објавија датумот кога гасоводот ќе биде ставен целосно во функција, експертите сметаат дека испораките на гасот би можело да започнат подоцна во октомври.
Рускиот енергетски гигант „Газпром“ најави дека само до крајот на оваа година планира да испораи 5,6 милиарди кубни метри гас преку Северен тек 2.
Според руската влада, пуштањето во работа на гасоводот кој оди по дното на Балтичкот Море, и го поврзува руски Виборг со Грејфсвалд на истокот на Германија, би можело да се помогне во решавањето на моменталниот недостиг на гас во Европа, порди што цените на енергенсот последните месеци постојано уриваа цени и се зголемија за повеќе од два ипол пати.
Двојниот цевковод долг 1.230 километри е дизајниран за испорака на 55 милијарди кубнни метри гас годишно на европскиот пазар, што е доволно за снабдување на 26 милиони домаќинства.
Но проектот негативно влијаеше врз трансатлантското и единството во самата Европска унија. Балтичките држави тврдат дека со тоа се зголемува европската енергетска зависност од Русија, но Берлин и Москва повеќепати истакнуваа дека станува збор за чисто економски проект зашто никому не му е во прилог да не го продава енергенсот.
Особено се противеше Украина, бидејќи поради овој и другите руски гасни проекти, бидејќи се соочува со загуби од повеќе милијарди евра годошни транзитни такси на рускиот гас за европските потрошувачи. Москва сака да го избегне повторувањето од трите „гасни војни“ минатите две децении, кога поради обидите за да издејствува за себе пониски и онака повластените цени на енергенсот ги блокираше испораките, а руската страна ја обвинуваше и за поткрадување на испораките за Европа поради што европските потрошувачи тие зими се смрзнуваа.
САД, исто така, се противеа на проектот и со низа санкции го забавија но и не го оневозможија довршувањето на гасоводот, наведувајќи дека ќе служи како геополитичко оружје. Берлин го отфрлаше таквите наводи и оцени дека станува збор за обид за пласман на американскиот течен пророден гас (LNG), за што германската страна смета дека во моментов е прескапа варијанта која бара и за која сега нема инфраструктура.
Но се чини дека американско-германскиот договор кој предвидува германски фонд за финансиска помош на Украина и санкции доколку се оцени дека Русија ќе го користи гасоводот како средство за притисок, го примири Вашингтон.