
Во Mузејот на Град Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на македонскиот уметник Александар Кондев со наслов „Го сакам Скопскиот кич”, на која ќе бидат претставени фотографии од „Скопје 2014” .
Александар Кондев е роден 1950 година во Скопје каде завршува основно и средно образование, за потоа да студира на Економскиот факултет. Со фотографија почнува да се занимава уште во школските денови, а професионално од 1970 година.
Во својата кариера како фотограф членува во фото клубовите „Вардар” и „Клуб 25”, а потоа работи како самостоен автор. Учесник е на голем број самостојни и групни изложби. Живее и работи во Скопје.