
На 05.10.2021 во 16.00 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода на ул.„Воин Драшковиќ“ го лишиле од слобода Б.Ф.(42) од Скопје.
-За него била распишана потерница од Основното јавно обвинителство Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“, информира МВР.
Лицето е предадено на ОЈО Скопје за понатамошна постапка.