
Во водите од езерото „Козјак” вчера во 09.30 часот било пронајдено телото на Б.Л.(55) од село Пополжани, кичевско, кој на 25 септември додека ловел риба, паднал во водите на езерото и се удавил.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.