
Се однесува како опозиција, а го опљачка народот. Се расправа за некое минато време кое никогаш нема да се врати, како што и неговото нема да се врати после 17-ти октомври. Тој е во минатото, и се бори со замислени ветерници и затоа изгледа отсутно. Неговото мало сутра, таков тип на примитивизми не врви повеќе, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Валандово.
Тој додаде дека Зоран Заев отворил 1000 проблеми, потпишувајќи договори распродавајќи го идентитетот и историјата, нешто што никој претходно не се осмелил да го направи.
-Впрочем тој отвори 1000 проблеми и во моментот кога храбро и лесно потпишуваше договори не гледаше подалеку од носот и не можеше да предвиди дека влегува во тежок офсајд, распродавајќи идентитет, историја, нешто што никој претходно не го направил, вели Мицкоски.
-Заев ги создаде проблемите со Бугарија а викаше дека ќе не внесе во ЕУ, само договорот да се потпише. 52 месеци, речиси 5 години истите работи. Креира тензии во општеството преку амнестирање на криминалот и заедно со ДУИ се истото лице и опачина, изјави Мицкоски.