Најмалку 20 загинати во земјотрес во Пакистан

Најмалку 20 луѓе загинале а околу 300 се повредени во четвртокот во земјотресот со магнитуда 5,7 кој го погоди јужен Пакистан рано утрото додека многумина уште спиеја, соопшти пакистанската управа за управување со катастрофи.

Според спасувачките екипи, меѓу загинатите повеќето се жени и деца. Со воен хеликоптер одвезени се најмалку девет тешко повредени во Квета, извести дописникот на Associated Press од Пакистан.

Земјотресот имал хипоцентар на релативно плитка далбочина од 20 километри со епицентар на 102 километри источно од градот Квета, обајви Американската геолошка агенција (USGS).

Според порталот на дневниот весник Dawn, земјотресот бил силно почувствуван во градовите Квета, Сини, Пишина, Чаман и други во покранта Балучистан.

Властите ги проценуваат штетите од потресот во кој се урнати повеќе од сто куќи од иловица, а оштетени се и многу објекит и административни згради на кои се пукнати ѕидови и урнати покрви.

Стотици луѓе останаа без покрив над главата, изјавил за Reuters Сохаил Анвар, земник на повереникот за округот Харнаи.

„Наредив итна помош за жртвите од емјотесот во Харнаи, во Балучистан, за итна процена на штетите поради правовремена помош и надомест. Моето сочувство и молитвите се со семејствата кои ги загубија своите најмили“, изјави пакистанскиот премиер Имран Кан.

Земјотресите во Пакистан се чести, бидејќи земјата се наоѓа на местото каде што се судираат индиската и еврозаиската тектонска плоча. Земјотрес со магнитуда од 7,7 степени ја погодил Квета во 1935 година кога загинале меѓу 30.000 и 60.000 луѓе, а поголем дел од градот бил уништен. Во 2005 година загинаа околу 73.000 луѓе во потресот со магнитуда од 7,6 кој го погоди подрачјето околу 95 километри од североисточно од пакистанската престолнина Исламабад.