17.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Шилегов се фали со туѓи проекти, „Лимак“ е инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

Шилегов се фали со проектот на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски, „Лимак“ е инвестиција донесена пред Шилегов воопшто да стане градоначалник, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Проектот за подземна сообраќајница кај Јужен булевар е проектот кој е врзан со изградбата на станбено деловниот комплекс „Лимак“, инвестиција донесена од ВМРО-ДПМНЕ, изградбата на сообраќајницата е составен дел на договорот и проектот, и во никој случај не може да се поврзе со Шилегов. Доколку се чекаше на Шилегов да ја направи подземната сообраќајница кај Јужен булевар, тоа ќе завршеше како тунелот под Кале. Шилегов нема еден единствен свој проект. Тој ќе остане запаметен како најнеуспешен градоначалник на Скопје, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека Шилегов е само добар повторувач, откако деновиве ги ископира проектите на Данела и половично презентирани ги кажува како свои сега почна и да презема проекти на ВМРО-ДПМНЕ од пред 6 години.

-Добро е што Шилегов ги фали проектите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи така ги потсеќа сите дека во Македонија се што е направено во поновата историја е дело на ВМРО-ДПМНЕ, а по 17-ти октомври тие дела ќе продолжат со новите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското соопштение.