
Шилегов во отсуство на свои проекти доследно ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од партијата.
-До вчера ги копираше проектите на Данела Арсовска, па половично ги предлагаше како свои, а сега промовира проекти кои Коце Трајановски ги промовираше во 2017 година, а за кои уште тогаш имаше и проектна документација, за што постојат и видео записи. Тоа што Шилегов направи е стопирање на сите овие проекти. Четири години беа сосема доволни да се реализираат, но Шилегов ништо не направи. Вчера беше „Лимак“, а денес е турбо кружниот тек кај Момин поток. Турбо кружниот тек кај Момин поток е решение осмислено од Коце Трајановски, со систематско вградување на кружен тек и натпатник, со што се избегнува тесното грло кое сега го има во тој дел од Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Шилегов ќе остане запаметен како најнеуспешниот и најнеспособниот градоначалник кој Скопје некогаш го имало.
Еден свој проект нема направено, а како најголемо негово дело ќе остане лагата за тунелот под Кале.
Скопје има потреба од вистински проекти и дела, и тие ќе ги има со промената на власта по 17-ти октомври, се вели во соопштението од партијата.