
Во земјотресот со магнитуда од 5,9 по Рихтер кој во четвртокот ја погоди префектурата на јапонската префектура Токио повреде и се најмалку 19 лица, пренесе националниот телевизиски сервис NHK.
Според телевизијата, во Токио и префектурата Сајитама се пријавени најмалку тројца настрадани, во префектурата Тиба најмалку девет лица побарале лекарска помош а во префектурата Канагава најмалку седум луѓе се повредени.
Тројца од нив биле повредени кога неколку вагони на воз во Токио излетале од шините. Другите повредени се различни тежини на повредите, главно од пад на предмети.
Претходно генералниот секретар на јапонската влада Хирокадзу Мацуно соопшти за најмалку 16 настрадани, но рече дека „сѐ уште се добиваат информации“. Засега нема информации за жртви.
Има информации за пожари и прекини во водоводната мрежа. Поради земјотресот проследен со низа послаби потреси, исто така, привремено беше запрена работата на токиската подземна железница како и на брзите возови „Шинкансен“, но подоцна во текот на вечерта повторно беше обновен сообраќајот во сите правци.
Во четвртокот вечерта Јапонија ја погоди моќен земјотрес чија магнитуда првично беше проценета на 6,1 но подоцна коригирана на 5,9. Епицентарот бил на границата меѓу префектурите Токио и Тибо на длабочината од 75 километри. Не е прогласена опаснсот од цунами.
https://youtu.be/RKK93nqv5gw