
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривичнa пријавa против Д.К.(46) од Свети Николе, за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.
Пријавената, во колонијална продавница во Свети Николе неовластено продавала поголемо количество на распрскувачки материи.
По извршена контрола од страна на полициски службеници, пронајдени и одземени се 57 пакувања петарди, 20 ракети и 13 огномети.