
Ве информираме дека во понеделник (11.10.2021 година), поради државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.