
Вкупно 5.713 фирми до 4 октомври не исплатиле плата за август, информира денеска на прес-конференција, директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Според неа, бројката на вработени кои не добиле плата е 14. 829 граѓани.
Лукаревска информира дека сите фирми кои не исплатиле плата добиле опомени, а по празникот ќе им бидат блокирани сметките.