
Подземните сообраќајници на кои Шилегов се повикува како таа кај Јужен булевар се проект на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа уште од 2012 година, кога е потпишан договорот со инвеститорот Лимак за изградба на станбено деловниот комплекс кој како обврска ја има подземната сообраќајница, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Шилегов треба и да се одлучи дали му се допаѓа барокот кога ги простира платната со неговиот лик и тој на Герасимовски или кога прават скапо платени прослави и гозби во објектите кои ги нарекуваат.
Шилегов не направи ништо за Скопје, и после 4 години нема свој проект, па се фали со тие на Коце, и на една недела пред избори нема програма, па ја краде таа на Данела.
Шилегов ќе остане запаметен како најнеспособниот градоначалник на Скопје“ – велат од партијата.