
Фудбалската селекција на Србија го презема водството во групата А од квалификациите за настап на Светското првенство кое следната 2022 година ќе се игра во Катар со минималната 1:0 победа а остувањето кај Луксембург.
Луксембург потврди дека како селекција многу напредувала на технички план од селекцијата која до пред неколку години беше „топовско месо“ за противниците. Србија долго се мачеше во мечот без вистински шанси, а победничкиот погодок го постигна Дуѓан Влаховиќ во 68 минута.
Ирска со 3:0, со погодоците на Робинсон во 7 и 39 и Огбене во 90 минута славеше на гости кај Азербејџан.
Селекцијата на Португалија беше слободна ова коло и одигра пријателски натпревар со домаќинот на мундијалот Катар кој го доби со 2:0.
Србија моментално со меч повеќе е водечка во Групата А со 14 бодови и меч повеќе пред Портигалија која има 13 бодови. Луксембург е трет со 6 бодови, Ирска има 5 а Азербејџан еден бод.
Во Групата Б Шведска со 3:0 го совлада Косово, а стрелци беа Форсвберг во 29 минута од пенал, Исак во 62 и Кваисон во 79 минута.
Грција дури во судиското продолжение со 2:0 извојува гостинска победа кај Грузија. На почетокот од продолжението Бакасетас од пенал го постигна водечкиот погодок, а во петтата минута стрелаше Пелклас.
Шпанија со 13 бодови води на табелата, Шведска има бод помалку но и меч помалку, а со 9 бодови од пет средби трета е Грција. Косово има четири а Грузија еден бод.
Во Групата Ц, Швајцарија во Женева со 2:0 ја совлада Северна Ирска со головите на Зубер во 45+3 и на Фаснахт во 90+1 минута.
Бугарија со 1:3 беше поразена на гостувањето кај Литванија. Стрелци за домашните беа Ласицкас во 18 и Черних во 82 и 84 минута, додека за гостите привремено израмни Десподов во 64 минута.
Италија и натаму е водачка на табелата со 14 бодови, а со меч помалку и 11 бодови ја следи Швакцарија, Северна Ирска и Бугарија имаат по пет бодови а Литванија е последна со три бода.
Во Групата Д БиХ со головите на Превљак во 25 и 66 минута забелжа триум на гости кај Казахстан.
Украина исто така впиша гостинска победа од 2:1 кај Финска,. Гостите поведоа преку Јармоленко во 4 минута, домашните израмнија во 29 преку Пуки но Јаремчук веќе во 34 минута донесе ново водство и победа за Украина.
Франција је на чело на табелата во оваа група со 12 бодовим, а ја следи Украина со 8 бодови. На третото место е БиХ со шест бодови, четврта е Финска со пет, а последен петти е Касахстан со три бода.
Данска продолжува со незапирливиот од во Групата Ф оставурвајќи ја и седмата победа од исто толку средбни, совладувајќи ја Молдавија на гости со 4:0. Сѐ беше решено во првото полувреме, кога мрежата на домашните ја тресеа Сков Олсен во 29, Кјаер во 34 минута од пенал, па Боргард во 39 и Маеле во 44 минута.
Шкотска двапати на свој терен го стасуваше водството на Израел но во драматична завршница успеа да оствари важна победа во борбата за втората позиција. Гостите поведуваа во 5 и 32 минута преку Захави односно Дабур, а домашните израмнуваа во 30 и 57 минута си погодоците на Мекгин и Дијкес. Во четвртата минута од судиското продолжение на мечот по изведен корнер и мешаница во израелскиот петерец Мектоминеј среќно со колк им донесе огромна радост на Шкотите.
Авструја немаше проблеми на гостувањето кај Фарските Острови и славеше со головите на Лајмер во 26 и Забицер во 48 минута
Данска во седумте натпревари постигна 26 погодоци а не прими ниту еден, и има 21 бод. Шкотска во трката за второто место сега се одлепи од Израел и има 14 бодови наспроти 10 бодови, колку што има и четвртата Австрија. Аутсајдерите Фарски Острови и Молдавија се на псоледните две места во групата со четири односно еден бод.
Во Групата И Англија, исто така, практично го има осигурано директниот пласман на мундијалот откако денеска лесно со 5:0 победи во Андора. Стрелци беа Чилвел во 17, Абрахам во 59, Вард-Проувс во 79 Грилиш во 86 минута.
„Петка“ забележа и Полса во домашниот дуел со Сан Марини, а стрелци беа Швидерско во 10, автогол во 20 минута постигна Броли, Кедзиора во 50, Букса во 84 и Шјатек во 90 минута.
Албанија направи ново изненадување и со голот на Броја во 80 минута ја победи Унгарија на нејзин терен.
Англија е прва со 19 бодови, Албанија е втора со 15, трета е Полска со 15, четврта е Унгарија со 10, петта е Андора со три а последниот Сан Марино е без бодови.