
Времето во Македонија во саботата ќе биде претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура е во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 11 Целзиусови степени.
И во следните денови ќе бидеме под влијание на влажна воздушна маса, времето ќе се задржи претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер