
Руските власти објавија во саботата дека уапсиле 29-годишен маж осомничен во врска со труење од алкохол во кој во текот на седмицата починаа 26 луѓе, откако консумирале пијалак произведен во Оренбург на границата со Казахстан.
Бројот на початите се зголем од деветмина во четвртокот. Уште 28 луѓе имаат сипмтоми од труење со алкохолот, соопштија регионалните власти за агенцијата РИА:
Регионалната канцеларија на Истражниот комитет на Руската Федерација отворило истрага за да се одреди дали алкхолните производи кои се продавале во регионот, на околу 1.500 километри источно од Москва, ја содржеле стандарди за сигурност. Претходно во петокот истрагата соопшти дека се притворени шест лица осомничени за производство и продажба на алкохол несоодветен за консумирање.
По случајот на масовно труење со алкохол во Сибир во 2016 госина, руските власти наложија строги контроли при производството и продажбата на пијалаци, лекови, парфеми и други течности кои соджат висок процент на етанол. Но поради стратегијата на зголемување на цените на жестоките алхолни пијалоци со цел да се намали нивното консумирање меѓу населението, во далечните зафрлени области тешко се спроведува контролата на недозволенот производство.