
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски најави дека за денешниот натпревар нема да го менува концептот и ќе продолжи да го имплементира концептот на офанзивен фудбал кој се обидува да го наметне во А тимот.
Враќањето на Муслиу кој беше суспендиран за мечот со Лихтејнштајн, значи поголема сигурност во одбраната каде се очекува повторно да има четворица, Алиоски, Велковски, Стефан Ристовски како и Муслиу.
Во средниот ред Адеми и Спировски, пред нив Елмас, лево Чурлинов десно Трајковски а најистурен во нападот Адис Јаховиќ кој ќе го заземе место на Милан Ристовски.
Натпреварот Македонија – Германија е закажан за вечерва од 20:45 со преност на Спорт Клуб.