
Времето во понеделникто во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои околу пладне ќе бидат поинтензивни на западот, а во вечерните часови ќе се интензивираат на истокот од земјата, каде локално ќе наврнат дополнителни 20 л/м2 дожд за 24 часа.
Во јужните региони, каде се очекуваат и сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура се движи од 11 до 12, а максималнатадневна ќе достигне од 11 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни попладне. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 15 степени.
Во вторник попладне и среда претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради заладување, на планините на северозапад ќе врне снег.
Од вторник повремено ќе дува засилен северен ветер.