
Во јужноамериканските квалификации за светското фудбалско првенство во 2022 година во Катар во неделата беше прекината стопроцентнта серија на Бразил, а во дербито на колото во Буенос Аирес домашната Аргентина со 3:0 го совалда Уругвај.
Аргентина поведе со необичниот погодок на капитенот Лионел Меси во 38 минута. Тој од оклу 30-ина метри ги префрлајќи ги бековите на Уругвај ја упати топката во противничкиот шеснаесетник кон својот напаѓач Николас Конзалес, кој ја промаши како и истрчаниот голман Фернандо Муслера и така полека тркалајќи се топлата влезе во мрежата.
Шест минути подоцна Родриго Де Пол погоди за водство на Аргентина од 2:0, а конечните 3:0 ги постави Лаутаро Мартинез во 62 минута.
Бразил досега ги оствари сите победи во квалификациите, девет од исто толкунатпревари, а низата ја прекина на гостувањето кај Колумбија играјќи без погодоци.
Барзил е на врвот на табелата со 29 бодови, го следи Аргентина со 22, со тоа што двете екипи имаат по натпревар помалку, и тоа меѓусебниот. Еквадот и Уругвај имаат по 16 бодиви а петтопласираната Колумбија има 15 бодови. Четирите првопласирани селекции одат директно на светскот провенство, додека петтопласираната ќе игра дополнителни квалификации.