
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Бител, Дарко Костовски, во видео спот најави нов модерен плоштад во населеното место Бутел 1, на местото на полициската станица.
„ОПШТИНА БУТЕЛ ЌЕ ДОБИЕ НОВ ПЛОШТАД И ДОМ НА КУЛТУРА ! Општина Бутел, особено населеното место Бутел 1 ќе добие сосема нов лик, луѓето од сите генерации ќе имаат каде да се релаксираат и коринсо да го поминуваат своето слободно време. Полициската станица ќе биде дислоцирана и ќе се изгради нова зграда во населеното место Расадник“, најави Дарко Костовски.