Котлар: Субвенција од 50 отсо за реконструкција на фасади на постари згради, велосипед за секој во Центар

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Центар, Наташа Котлар на својата официјална Фејсбук страница напиша дека се обврзува на реконструкција на фасади на постари станбени згради, со енергетско – ефикасни фасади, ветува дека општината ќе субвенционира со 50%.

Таа исто така преку соопштение до јавноста информираше дека се обврзува секој жител на Центар да има велосипед, односно најавува 500 субвенции годишно од по 6000 денари.