
Најмалку 15 лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати, во големите поплави кои ја зафатија кинеската провинција Шанси.
Како што објави кинеската државна телевизија, повеќе од 1,7 милиони луѓе се погодени од невремето, а околу 120.000 се евакуирани на безбедно.
Речиси 20.000 куќи се уништени, а околу 18.000 имаат посериозни штети.
Причинетата штета од поплавите се проценува на пет милијарди јуани (околу 775 милиони долари).
https://www.youtube.com/watch?v=IcvH0cA3xng