Победа за коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-ААА во Струга, Карпош и Сопиште

Институтот „АКСИОС“ во периодот од 02.10 до 06.10.2021 година спроведе анализа на јавното мислење на стратифициран примерок во секоја општина/Град Скопје во Република Македонија засебно во однос на демографската средина и бројот на жители во општината/градот Скопје. Анкетата е спроведена на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.

Статистичкта грешка на анкетата е околу 2%.

Според анкетата, ВМРО-ДПМНЕ има убедлива победа во општина Карпош со Оливер Зафировски и во Сопште со актуелниот градоначалнк Стефче Трпковски. Кандидатот на АА и А за Струга, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Идри Истрефи, е човекот на кој му веруваат стружани, а пак, кандидатот на СДСМ за Валандово Перо Костадинов е во блага предност пред неговиот противкандидат Тони Узунов од ВМРО-ДПМНЕ.

На стратифициран примерок на територијата на општина Карпош на 488 испитаници
1. За кој кандидат за градоначалник ќе гласате на наредните локални избори во општина Карпош?
Душко Весковски- СДСМ15.4 проценти
Оливер Зафировски- ВМРО-ДПМНЕ17.6 проценти
Стевчо Јакимовски- ГРОМ16.8 проценти
Друг4.3 проценти
Ниту еден20.1 проценти
Не знам – немам одговор25.8 проценти

 

На стратифициран примерок на територијата на општина Валандово на 353 испитаници
1. За кој кандидат за градоначалник ќе гласате на наредните локални избори во општина Валандово?
Перо Костадинов- СДСМ25.4 проценти
Тони Узунов- ВМРО-ДПМНЕ24.9 проценти
Ниту еден22.8 проценти
Не знам – немам одговор26.9 проценти

 

На стратифициран примерок на територијата на општина Струга на 494 испитаници
1. За кој кандидат за градоначалник ќе гласате на наредните локални избори во општина Струга?
Димче Шипинкаровски- СДСМ7.9 проценти
Рамис Мерко- ДУИ15.4 проценти
Идри Истрефи- ААА16.9 проценти
Друг9.9 проценти
Ниту еден22.7 проценти
Не знам – немам одговор27.2 проценти

 

На стратифициран примерок на територијата на општина Сопиште на 372 испитаници
1. За кој кандидат за градоначалник ќе гласате на наредните локални избори во општина Сопиште?
Сашо Стојановски- СДСМ23.1 проценти
Стефче Трпковски- ВМРО-ДПМНЕ27.2 проценти
Ниту еден22.9 проценти
Не знам – немам одговор26.8 проценти