
Разочаран член на СДСМ од Неготино јавно преку видео објавено на социјалните мрежи го покажа својот револт кон партијата на власт.
Демотивираниот социјалдемократ го демолирал партискиот штаб и ја скршил вратата. Снимил и објавил видео како го покажува своето незадоволство.
Од СДСМ Неготино случајот го пријавиле во полиција, но потоа ја повлекле пријавата кога виделе дека нивен револтиран член им го скршил штабот и дека тоа може да им наштети на угледот.