Еден човек што сака, може да направи повеќе од илјада што мораат

Еден човек што сака, може да направи повеќе од илјада што мораат, вели кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров Александар Стојкоски, кој денеска повторно оствари средба со ѓорчептеровци.

-Томе е ентузијаст кој со скромни средства и помош од добри пријатели успеа да подигне илјадници садници на Гинко Билоба, лековито дрво, садници со кои ги подарува и ја зазеленува општината Ѓорче Петров. Замислете само кога овој човек би добил поддршка и овој негов проект би се станал проект на заедницата, во кој ќе се вклучат сите основни училишта и заинтересирани жители на општината. Ѓорче Петров ќе биде белите дробови на Скопје. Се обврзувам Ѓорче Петров да биде позелена и почиста општина со мад 20.000 м2 нови зелени површини, парк во секое маало и реконструкција на централниот парк, порача Стојкоски.