
Најмалку 46 загинале во пожарот во станбена зграда во тајванскиот град Каошјунг на јогот на земјата, соопштија тамошните власти во четвртокот.
Пожарот избувнал во 40 години стара зрада во раните утрински часови и бил изгаснат во мугрите.
Командантот на градската противпожарна служнба Ли Чинг-хсју изјави дека пожарникарите и натаму се пробиваат низ зградата и се чини дека бројот на жртвите би можел да биде и поголем.
Градоначалникот Чен Чи-маи рекоа дека зградата била делумно напуштена, а дека во неа претходно имало ресторани, караоке клубови и кина.
Властите ја истражуваат причината за пожарот, меѓу другото и можноста дека е подметнат.