
Речиси да нема повисоко место и планина во земјава кое не е утрово под снег.
Според очекувањата на УХМР, снег се најавува денес во текот на денот, а започна да врне вчера во вечерните часови.
Утрово снежна покривка има во Маврово, Попова Шапка и Нижо Поле според камерите во живо на страницата skimacedonia.mk.
Снежната покривка се очекува да достигне до 15 сантиметри, а според видео камерите најверојатно подебел слој на снег има на Попова Шапка и во Стрежево.
Метеоролозите вакво време најавуваат и за утре, додека стабилизацијата ни доаѓа за време на викендот.