Борел: Завршен е спорот на ЕУ со САД поради француските подморници

Трансатлантскиот спор на Европската унија со Соединетите држави е завршен, порача во петокот високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, еден месец откако Франција со многу огорченоста реагираше на создавањете на воениот пакт меѓу САД, Велика Британија и Австралија (AUCUS) поради кој Париз загуби договор од повеќе десетина милијарди евра за продажба на подморници на Камбера.

„Нема да бидеме мазохисти и уште еднаш да инсистираме на сопствените проблеми. Тоа беше инцидент, дојде до недоразбирање, постоеше недостиг од комуникации. Тоа е готово, одиме напред“, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел за новинарите во Вашингтон.

Франција во септември во потег без преседан во нејзината историја ги повлече своите амбасадори обвинувајќи ги САД и Австралија дека ѝ зариле нож в грбот, откако по ненајавеното и ненадејно објавување на новиот воен пакт AUKUS, австралиската страна се откажа од договорот од 2016 година за набавка на француски подморници за сума која можеше да достигне до 60 милијарди евра.

Канбера тогаш објасни дека решила да купи подморници на нуклеарен погон намето француските кои би биле конвенционални, поради наводно растечките тензии со Кина, а ќе ги добие во рамките на пактот AUKUS со Вашингтон и Лондон.

Францускиот преседател Емануел Макрон, зад чиј грб како што објавија британските медиуми бил договоран пактот на самитот на Г7 во англиски Корнвол од 11-ти до 13-ти јуни годинава, ги отповика амбасадорите од Австралија и САД, што е многу невообичаен потег меѓу сојузниците. Но тензиите, се чини, дека почнаа да се смируваат по телефоснкиот разговор на Макрон и американскиот претседател Џо Бајден. Тогаш Бајден изјави дека Вашингтон требало пдообо да комуницираат со својот „историски сојузник“. Борел, пак, по избувнувањето на спорот изрази солидарност со Франција, како и Германија која е водечка членка на ЕУ.