Извлечен рекордниот џекпот во Европа од 220 милиони евра

Најголемата добивка на лотарија во Европа во износ од 220 милиони евра извлечени се во петокот вечерта во играта EuroMillions а добитникот е од Франција, објави Франциската лотарија (FDJ).

Бројките за големата награда на EuroMillions се: 21, 26, 31, 34 и 49, и дополнителните 02 и 05.

Среќниот добитник во текот на следните шеесет дена треба да се јави во Француската лотарија и да ја подигне својата добивка којашто е најголемиот џекпот во историјата на европската лотарија од 2004 година.

Претходниот супер џекпот беше извлечен во Швајцарија на 26-ти февраури 2021 година и изнесуваше 210 милиони евра. Во Франција претходната рекордна добивка изнесуваше 200 милиони евра и беше извелчена во декември 2020 година.

Светскиот рекорд според висината на наградата на лотарија му припаѓа на добитник од американската сојузна држава Јужна Каролина, кој минатата 2018 година освои 1,5 милијарди долари на американската лотарија Mega Millions. Добитникот одлучи да остане анонимен.