
Најмалку 18 лица починале како последица на труење со метил алкохол во Екатеринбург на Урал, за што се приведени двајца осомничени, соопшти во саботата регионалниот оддел на Истражниот комитет за Свердловската област.
„Во периодот од 7-ми до 14-ти октомври 2021 годна на територијата на областка Чкаловоск на градот Екатерибург неколку лица на граѓаните им продавале течност која содржела метил алкохол“, се наведува во соопштението на одделот во четвртиот по големина руски град со околу 1,5 милион жители на околу 1.800 килоемтри источно од Мосвка.
Регионален функционер за агенцијата РИА изјавил претходно дека во главниот град на Урал починале најмалку 15 лица о консумирање на алкохол со метанол, но подоцна оваа броја е прецизирана на 18 жртви. Додал дека биле ангажирани припадници на специјалните сили за голема операција во пазаришен комплекс во округот Вторлермет, каде што се продавал смртоносниот аклкохол.
Минатиот викенд регионалната канцеларија на Истражниот комитет на Руската Федерација во Оренбург, на границата со Казахстан, отвори истрага за да се одреди дали алкхолните производи кои се продавале во регионот, на околу 1.500 километри источно од Москва, содржеле стандарди за сигурност, по смртоносното труење на 35 лица кои консумирале илегално произведен алкохол. Претходно истрагата соопшти дека се притворени шест лица осомничени за производство и продажба на алкохол несоодветен за консумирање.
По случајот на масовно труење со алкохол во Сибир во 2016 госина, руските власти наложија строги контроли при производството и продажбата на пијалаци, лекови, парфеми и други течности кои соджат висок процент на етанол. Но поради стратегијата на зголемување на цените на жестоките алхолни пијалоци со цел да се намали нивното консумирање меѓу населението, во далечните зафрлени области тешко се спроведува контролата на недозволенот производство.