Највисоката инфраструктурна инвестиција во изминатите 50 години, автопатот Кичево -Охрид започна во 2014 година. Со инвестиција од 375 милиони евра, Кичево и Охрид требаше да се поврзат со автопат во должина од 57 километри, кој треба да го олесни и забрза транспортот на патници и стока и да придонесе за економски и туристички развој.
Активностите за изградба на автопатот почнаа со поставување камен-темелник кај кичевското село Извор. Според проектот, новиот автопат почнува од Кичево, па преку Подвис, Пресека и Песочани стигнува до Требеништа. Од тука преку Подмолје се поврзува со Охрид. Требаше да има две ленти со вкупна ширина од 25,2 метри, а на трасата да има и 6 натпатници и 13 потпатници, како и тунелот Пресека со две цевки. Го гради кинеската компанија „Сајнохидро корпорејшн лимитед“.
Градежните работи почнаа истовремено на три локации и требаше да завршат за четири години. Во активностите требаше да бидат вклучени и повеќе градежни и други компании од земјава. Автопатот Кичево- Охрид кој веќе се гради 7 години, а го започна владата на ВМРО- ДПМНЕ се уште не е пуштен во употреба. И двајцата министри на СДСМ не успеаа да ја довршат изградбата на Автопатот Кичево -Охрид. Ниту Горан Сугаревски, ниту Благој Бочварски. СДСМ за овој обемен проект тврдеше дека е згрешена трасата и затоа има застој.
Меѓутоа во 2018 година тогашниот министер Благој Бочварски потврди дека автопатот Кичево -Охрид ќе се гради по истата траса. Во месец мај тогашниот миниистер за транспорт и врски Благој Бочварски тврдеше дека сеуште преговараат со изведувачот и инвеститорот за новиот реален рок за изградба на оваа делница. но до ден денес тој се уште не е завршен.
„Во јуни 2021 ќе се знае кога ќе се вози по автопатот Кичево-Охрид“ рече тогашниот министерот Бочварски. Автопатот кој веќе се гради седум години требаше да биде готов во мај месец. Но, министерот за транспорт Благој Бочварски во јуни 2021 кажа дека уште преговараат со изведувачот и кредиторот за новиот реален рок за изградба на оваа делница. Од Собранието ќе се бара да дозволи нов анекс на договорот со трет, подолг рок со кинескиот изведувач „Синохидро“ .
Работите на автопатот се со прогрес од 62 проценти, тоа значи дека од целата сума на чинење од 598 милиони евра на овој најголем инфраструктурен објект на државата се реализирани 62 проценти, рече Бочварски и додаде дека отвораат силен фронт во оваа градежна сезона да продолжат активностите. Наместо да финишира до јуни годинава како што се најавуваше, изградбата на автопатот Кичево- Охрид доби ветувања за нови рокови. Декември 2023 година е новиот краен датум до кога конечно ќе треба да завршат градежните активности на оваа делница кои започнаа уште пред седум години во февруари 2014 та година. И Благој Бичварскиниту и Горан Сугаревски во моментот кога беа на позицијата министер за транспорт и врски во владата на СДСМ се правдаа на гршната проектна документација.
Министрите за транспорт Бочварски како и неговите претходници одолговлекувањето на изградбата го правдаат на грешната проектна документација. Тоа беше трето продолжување на рокот откако првично оваа автопатска делница требаше да биде готова до 2018 година. Проектот освен што доцни со години, стана и речиси двојно поскап од првичната замисла. Најмалку 10 милиони евра за еден километар ќе ги чини граѓаните автопатот Кичево-Охрид.
Претходниот министер Благој Бочварски тврдеше дека автопатот ќе биде пуштен во употреба во 2021 годинина.
„На автопатот Кичево – Охрид се завршени сите репроектирања на делницата. Сите клучки се испроектирани, косините, со ревизија на тој проект веќе имаме голем замав. Во вториот дел од годината имаме шест пати поголем прогрес на работите заради тоа што навистина таму се случуваат обемни градежни зафати и досега имаме околу 350 милиони евра инвестиции на овој автопат од 600 милиони евра коишто се предвидени. Така што, можам да кажам дека ќе имаме силна динамика и во наредната година“, истакна Бочварски.Овој автопат важи за највисока инфраструктурна инвестиција во изминатите 50 години, а е започнат во 2014 година. Со инвестиција од 375 милиони евра, Кичево и Охрид требаше да се поврзат со автопат во должина од 57 километри, кој треба да го олесни и забрза транспортот на патници и стока и да придонесе за економски и туристички развој. Активностите за изградба на автопатот почнаа со поставување камен-темелник кај кичевското село Извор.
Според проектот, новиот автопат почнува од Кичево, па преку Подвис, Пресека и Песочани стигнува до Требеништа. Од тука преку Подмолје се поврзува со Охрид. Требаше да има две ленти со вкупна ширина од 25,2 метри, а на трасата да има и 6 натпатници и 13 потпатници, како и тунелот Пресека со две цевки. Го гради кинеската компанија „Сајнохидро корпорејшн лимитед“.
Градежните работи почнаа истовремено на три локации и требаше да завршат за четири години. Во активностите требаше да бидат вклучени и повеќе градежни и други компании од земјава.
Граѓаните се посиромашни, половина милион живеат со по 150 денари на ден Огромен дел од населението во земјава се соочува со егзистенцијални проблеми, половина милион преживува со по 150 денари на ден, а безидејноста на власта да се справи со ова ги носи кон пропаст и раб на преживување. Ако се земе предвид големиот раст на основните намирници за живот, може да се заклучи дека половина милион граѓани во држава не можат да си дозволат ниту еден скромен оброк за нив и своето семејство. Имено, за повеќе од 40% покачени се цените и зголемени се трошоците за живот, а производите на намирниците за неполни 12 месеци се драстично зголемени. Меѓудругото, над 600.000 луѓе останаа без работа, а затворени се околу 5000 фирми и насекаде околу нас гледаме катанци на вратите на малите бизниси. Покачени се цените на маслото за јадење, млекото, брашното, лебот, бензините, покачено е сѐ кое е во секојдневна употреба, а платите остануваат исти. И наместо власта предводена од СДСМ да превземе нешто во однос на ова, таа дополнително им го отежнува животот на граѓаните и се најавува големо зголемување од 50% на цената на струјата, што дополнително ќе ги осиромаши народот кој едвај го поминува месецот. Посебен товар за семејниот буџет на граѓаните на едно четиричлено семејство беше и почетокот на учебната година. Според податоците пласирани во јавноста родителите треба да одвојат најмалку по 8000 денари по дете кое посетува настава во средно или основно училиште и доколку ова продолжи вака, ниту 4 мининални плати нема да бидат доволни за да едно семејство го помине месецот. Ова се должи на недоволниот стимул на економијата. Отворање на нови работни места, привлекување на странски инвестиции и реализирање на капиталните проекти речиси и да нема. Истовремено, додека народот тоне во сиромаштија и секојдневно гледаме повици за хуманитарна помош на социјалните мрежи или медиумите – блиските лица на власта си делат тендери меѓу нив како да нема утре или овде да не живее народ кој им дал доверба на избори, како утре да се очекува апокалипса па денес е последен ден да зграбат сѐ што можат ,,на бегање”. И додека едно четиричлено семејство едвај врзува крај со крај и мисли како да го помине месецот, власта дополнително го задолжува со по 4000 евра. Тоа му доаѓа како долг кон владата за нивното непродуктивно, нерационално трошење и ,,аздисување”, а тоа се должи на над 8,5 милијади евра со кои владата планира да го качи јавниот долг, или 66% од БДП. И најголем проблем е што не се знае на што се трошат овие пари бидејќи јасно се гледа дека капиталните инвестиции имаат бедна реализација, а како никогаш се објавуваат претходно наместени огласи за партиски вработувања. Веќе е вклучен црвениот аларм, но очигледно не се слуша до седиштето на Владата. Ако не се преземе нешто сериозно во однос на оваа ситуација, стапката на сиромаштија дополнително ќе се зголемува. Скапиот пиар за тоа како блескаме не можат да го нахранат стомакот на граѓаните, треба сериозни мерки кои ќе ги спроведат експерти кои очигледно оваа власт не ги поседува или пак, се зафатени со друго. Македонија е земја на алармантно сиромашни граѓани, овој тренд мора да се прекине што поскоро.