Обид за изборна манипулација во Куманово: Спротивно на закон, се отвара избирачкиот материјал (ФОТО)

Во населбата Ајдучка Чешма во Куманово, наспроти штабот на СДСМ, во просторија за гласање, забележано е отворање на избирачкиот материјал, кој според закон треба да биде отворен утре наутро, кога почнува гласањето.

Kaко што се гледа на фотографиите, иако избирачкиот материјал денес НЕ СМЕЕ да се отвори и истиот според закон треба да биде наутро уредно отворен и пребројан од страна на избирачкиот одбор, сепак кутијата се отвара денеска.

Правилникот за избори строго налага правила кога и како се отпечатуваат и симнуваат пломбите и капаците на избирачките кутии, кога и како се пребројува материјалот и кој е овластен да го прави тоа и во чие присуство.