Претежно облачно, претпладне со повремен локален дожд

Времето во саботата во Македонија ќе биде претежно облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска времето ќе биде претежно облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Од недела следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури