
Приведени се двајцата новинари на порталот Инфомакс, кои во Прилеп ноќта кон саботата во рамките на своите професионални задачи работеле на пролог за почитување на почетокот на изборниот молк.
Како што беше претходно објавено Нонинарската екипа на Инфомакс, новинарот Милош Милошовски и снимателот Иван Ниневски вечерва за време на известувањето од почетокот на изборниот молк биле нападнати од група граѓани собрани во штаб на една политичка партија.
Како што информираат од порталот, полицијата наместо да ги одбрани новинарите во вршењето на нивната професионална задача, одлучила да ги легитимира и да ги задржува без соодветно објаснување.
„Во моментов полицијата приведува двајца новинари на Инфомакс во Прилеп, затоа што известуваат од терен за почитување на предизборен молк.
Ги апсат затоа што си ја работат работата, и известуваат за поткуп во Тризла, Прилеп.
Брука!“, објави на својот фејсбук профил, уредникиот Александар Митовски.