ВИДЕО| Малтретирана екипата на Инфомакс во Прилеп, полицијата ги штити напаѓачите

Новинарската екипа на Инфомакс, новинарот Милош Милошовски и снимателот Иван Ниневски вечерва за време на известувањето од почетокот на изборниот молк  нападнати од група граѓани собрани во штаб на една политичка партија.

Како што информираат од порталот, полицијата наместо да ги одбрани новинарите во вршењето на нивната професионална задача, одлучила да ги легитимира и да ги задржува без соодветно објаснување.

Од редакцијата на Инфомакс најавуваат повеќе информции за инцидентот во наредните часови.