
Висока излезност денеска во Кавадарци на локалните избори кои се седми по ред во земјава.
Според обработените 27 проценти од Државната Изборна Комисија, до 13 часот во Кавадарци излегле висок број на граѓани.
Станува збор за бројка од околу 9 илјади граѓани кој гласале до сега.
Според последните податоци објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, до 13 часот правото на глас го оствариле над 20 отсто од гласачите, односно 20,55% од обработени 90 проценти од податоците.
Инаку, досега до 13 часот гласале вкупно 360.565 гласачи, додека право на глас имаат 1.824.864 граѓани.
Во Новаци е забележана најголема излезеност од 43,70 отсто.