
Во дуелот од десеттото коло на француското фудбалско првенсто Лион на својот „Жерлан“ во саботата вечерта со 2:0 го совлада Монако, а шампионот Лил беше минимално поразен кај новиот прволигап Клермон.
Лион до победата дојде во завршницата од дуелот, со погодоците на Камерунецот Карл Токо Екамби во 75 инута од пенал и на Белгиецот Жасон Денеје во 90 минута,
Олимпик Лион со победата се проби во моментов на петтата позиција на табелата со 16 бодови, минувајќи го Монако кој остана на 14 бодови и моментално е седми.
Витал Н’Симба во 32 минута го постигна својот прв погодок во француската прва лига и победничкиот за Клермон кој остварувајќи ја третата победа сезонова се качи на 11-то место со 13 бодови.
Лил, кој во среда игра против шпанска Севилја во Групата Г во Лигата на шампионите, моментално е осми со 14 бодпови, дури 13 помалку од водечкиот ПСЖ кој во петокот вечерта со многу мака со 2:1 дома го победи Анже.