
Поради дефект во шахта на бул. „Партизански одреди“ бр.7 денеска прекинато водоснабдување ќе има кај дел од ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 се до завршување на активностите.
Воедно, поради дефект на приклучна цевка на ул.„„Борис Трајковски“ крак 20 бр.3, од 09:45 часот без вода ќе бидат корисниците на дел од УСЈЕ се до завршување на активностите.